Што се случува кога ќе заборавите да вратите книга цели 53 години?
На многумина им се случило да заборават и да задоцнат со враќањето на книга во библиотека. Најчесто станува збор за доцнење од неколку дена, но една личност во Ирска заборавила на тоа цели 19.433 дена.
Библиотеката Типерари во Ирска на својот твитер профил објавила фотографија од книга која била земена на 30 мај 1965 година. Станувало збор за книгата "Татко Теобалд Метју" од Патрик Роџерс, која првично била објавена во 1943 година.
Казната за задоцнетото враќање изнесувала невидени 971,65 долари.
"Книгата била пронајдена додека ја чистеле куќата. Често се случува задоцнето враќање на книгите, но никогаш не се случило да доцни толку" – велат од библиотеката.
Интересното е што библиотеката не приметила дека книгата им недостигала сиве овие години.