Турската компанија Чагатај Кабло е основана во 1998 година за производство на жици, кабли и инсталации претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди, машини чистачи и специјални аеродромски возила. Од 2018 година освен фабриката во Турција, Чагатај Кабло има производствени капацитети и во Р.С. Македонија.
Фабриката на Чагатај Кабло која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за следната работна позиција:
ИНЖЕНЕР ЗА ПРОЦЕС
Сите детали погледнете ги на линкот
Вашите одговорности на оваа позиција се следните:
- Организирање, спроведување и одржување на протокот на производниот процес;
- Имплементација на нови концепти, распоред и инвентар;
- Обука на персоналот за новите развојни процеси и технологии;
- Истражување на проблемите на процесот кои влијаат на производството;
- Постојано учење со цел зголемување на квалитетот, продуктивноста и ефикасноста.
- Водење или поддршка на проекти како што се ново лансирање, нова опрема, преместување или промени и дополнувања на постоечката опрема.
Потребни квалификации:
- Минимум 2 години искуство во автомобилската индустрија;
- Диплома за Индустриско инженерство или електротехника;
- Одлични технички вештини;
- Познавањето на турски јазик ќе се смета за предност;
- Познавање на IATF16949, Lean Manufacturing, шест сигма и ISO методологија (ќе се смета за предност);
- Вештини на AutoCAD (ќе се смета за предност);