Работиме, живееме од неа, а сепак ретко зборуваме за тоа со колегите и претпоставените. Работниците работат за плата. Работата е многу едноставна. Работникот не дошол на работа бидејќи од тоа нема што да се добие. Има, а тоа е - плата.
Зошто платата и понатаму е табу тема меѓу колегите и претпоставените?
Факт е дека платите не се информации од јавен карактер и единствен начин да дознаеме дали сме недоволно платени е да разговараме. Секако достапни се анонимни онлајн сервиси од кои можеме да ја дознаеме просечната плата за нашата позиција, но не ги дознаваме деталите поврзани со компанијата во која работиме. Затоа информациите се ограничени.
Третина од вработените сметаат дека дискусијата за плата е забранета
Транспарентноста на платите е термин кој се почесто се споменува. Без разлика дали се работи за отворено истакнување на платите во огласите за работа, објавување документи за плата за одредени позиции во компанијата или нешто друго, транспарентноста на платите е нешто што работниците сметаат дека многу ќе го олесни разговорот за платата. Дури 63% од американците никогаш не разговарале за платата со колегите. Како може работникот да бара покачување ако не знае колку треба да биде платен?
Проблемот е што некои компании забрануваат да се разговара за плати. И кога тоа не е случај, на работниците често им е непријатно да зборуваат за тоа.
Дури 38% од работниците ваквите разговори ги доживуваат како табу, а 37% од нив сметаат дека таквите разговори би ги вознемириле нивните колеги. Кога станува збор за барање, покачување, 27% од работниците се плашат дека претпоставените ќе им замерат доколку го покренат ова прашање.
Нивните стравови не се секогаш неоправдани, но сепак се работи за проценка на работната средина.
Прашувате а не добивате одговор?
Меѓутоа, овде зборуваме за ситуација кога лицето е веќе внатре во компанијата. Што е со луѓето кои бараат нова работа? Дали сакате да се префрлите од една во друга компанија и да се надевате на подобра плата, но личноста од другата страна молчи?
Ако работодавачот одбие да зборува за плата, претпоставуваме дека ќе се обидат да ни платат што е можно помалку.
Мислите дека Вие сте единиствени? Бројките покажуваат дека се работи за мнозинство. Дури 80 отсто од работниците го менуваат работното место поради платата, а 75 отсто од нив предност ќе им дадат на фирмите кои веќе ја наведуваат платата на огласот. Работното место треба да биде навистина многу интересно за работникот да го смени за иста или помала плата.
Како да се зборува за плата?
Но, да се вратиме на насловната тема - проблемот со преговорите за плата. Вработените кои ќе дознаат дека се недоволно платени наскоро почнуваат да бараат нова работа бидејќи губат мотивација и доверба во компанијата.
Добро платените работници се посреќни на работното место. Само тоа ги прави да работат подобро.
Експертите ги советуваат работодавачите да ја наведат платата во огласот за вработување, а на вработените јасно да им ги наведат условите за зголемување на платата. Тие советуваат дека треба редовно да проверуваат дали има разлики во платите на вработените и да истражуваат зошто воопшто постојат истите.
Некој треба да ги започне овие разговори. Било да сте тоа Вие, Вашите колеги кои со задоволство ќе ги споделат саканите информации со вас. Се разбира, прво прашајте колега дали е во ред и гарантирајте дискреција.
Конечно, на интервју за работа, веднаш прашајте за платата. Доколку поради некоја причина не сакате да го направите ова, задолжително имајте подготвен одговор на прашањето колкава плата очекувате. Треба да ја знаете точната количина или опсег. Ако немате одговор на тоа прашање, ќе оставите впечаток на некој кој не знае колку вреди неговиот труд.
Според одговорот, одлучете дали ќе продолжите со процесот на селекција или ќе ја побарате вашата можност на друго место.