Жените заработуваат околу 14 отсто помалку од мажите во Европската Унија, што значи, тие работат бесплатно речиси два месеца во годината. Во Хрватска пак, разликата во платите е речиси 7.000 куни (927 евра) годишно и тоа соодветно се одразува на пензиите, алармира Форумот на жени на Социјалдемократската партија по повод Европскиот ден на еднакви плати, јави Хина.
Жените се помалку платени независно од секторот каде што работат. Тоа се случува еднакво на најниските позиции во услужниот, здравствениот или социјалните сектори, како и на позициите каде потребно е високо образование.
Жените земаат помала плата за работа со еднаква вредност насекаде во светот, како и во Хрватска, а почесто ја преземаат и одговорноста за семејните и домашните обврски. Разликата во платите се јавува и поради грижата за деца и повозрасни членови во семејството, што води до чести паузи во кариерата, а влијае и на висината на платите.
Како што истакнуваат дел од медиумите, работата е поле каде жените се дискриминирани во сите сегменти. Несигурни привремени работни места, пониски плати за работа со иста вредност, тешко напредување, вознемирување на работното место.