Опасната снежна бура со ефект на езеро парализираше делови од западниот и северниот дел на Њујорк, нананесувајќи над 130 сантиметри на некои места. Невремето беше причина за смртта на две лица додека го чистеле снегот.
Тежината на бурата варираше во голема мера поради особеностите на бурите со ефект на езеро, кои се предизвикани од студените ветрови што ја собираат влагата од потоплите езера и фрлаат снег во тесни појаси.
Најобилни снежни врнежи беа јужно од градот Бафало. Националната метеоролошка служба извести за снег од еден метар на многу места долж источниот крај на езерото Ири до 168 сантиметри во предградие на Бафало.
Училиштата се затворени. Станиците на железничката компанија „Амтрак“ во Бафало, Нијагарините водопади и Депју беа затворени во четвртокот и петокот. Откажани се бројни летови во и надвор од меѓународниот аеродром Бафало Нијагара.
Прогласена е вонредна состојба во делови од западен Њујорк, вклучувајќи ги и заедниците долж источните краеви на езерото Ири и езерото Онтарио.