Скопјани од понеделник со нови проблеми. „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици – линии кои скопјани често ги користат за да стигнат до своите работни места или домови, пишува Телма.
Причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот кон „Слобода превоз“ .
Инаку пред месец дена за првпат од формирањето на ЈСП, Скопје остана без јавен превоз, бидејќи вработените стапија во колективен штрајк поради неисплаени плати.
извор libertas.mk