Прво го имаше априлскиот Ден на горивата (April Fuels Day), а вчерашниот го прогласи за Thanksgiving ден (Ден на дарување резервоари).
Се работи за Ерни Бох Јуниор, локален бизнисмен, кој на 1 април подели 26.000 литри бензин. Кампањата за дистрибуција на бесплатен бензин помина добро со колона долга стотици метри, а целото планирано гориво било дистрибуирано за само два часа.
Сега тој го организира Денот на резервоарите и одлучил да подари бензин во вредност од 50.000 долари на Денот на благодарноста. И повторно, Бох предизвикал невиден интерес, па дури имаше информации дека ќе бидат поделени 50.000 галони гориво, кое според сегашните цени на горивото вреди речиси 190.000 американски долари. Имено, цената на бензинот во Америка е во просек 3,79 американски долари за галон.
Вработените во бензинската пумпа овојпат добиле упатство дека не може да точат гориво за повеќе од 75 долари по автомобил за што поголем број луѓе да добијат бесплатно гориво. Бох нагласил дека тоа е доволно за полн резервоар. Овој пат решил да даде двојно повеќе бензин отколку на 1 април. Многу Американци му се благодарни, а го пофалиле дури и сопствениците на електрични возила.