Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, 2,9 отсто, а најголем број на слободни работни места, 3 459, има во групата Работници во услужни дејности и продажба, соопшти Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 2,07 отсто. Највисока стапка на слободни работни места од 3,84 проценти има секторот Транспорт и складирање, а најниска во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, 0,17 отсто.
Според Државниот завод за статистика, деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3,22 отсто.
Извор: kurir.mk