Фудбалскиот сојуз на Косово би можел да го добие како подарок монтажниот стадион „974“ од Катар по Светското првенство во фудбал. Имено, косовскиот сојуз поднел официјална молба до ФИФА за да го добие стадионот.
Претседателот на НС на Косово Агим Адеми изјави дека има огромни шанси спектакуларниот стадион со капацитет од 44.000 седишта да биде дониран на Косово поради добрите односи со Фудбалскиот сојуз на Катар.
Стадионот наречен „974“ е специфичен по многу нешта. Тој влезе во историјата на фудбалот уште пред да се одигра ниту еден натпревар на него. Имено, ова име го добил затоа што е изграден од исто толку контејнери за транспорт и модуларен челик. Во исто време, 974 е меѓународен телефонски број за Катар.
Покрај тоа, тој е првиот стадион во историјата на светскиот фудбалски спектакл кој ќе биде целосно демонтиран по финалето на Светското првенство на 18 декември, Националниот ден на државата Катар – што ја покажува посветеноста на Катар за исплатлива одржливост и храбар дизајн.
Дизајнот на стадионот „974“ првпат беше осмислен од архитектите на Fenwick Iribarren на 26 ноември 2017 година.
Извор: biznisinfo.mk