РКЕ: Утре нова одлука за горивата!

РКЕ: Утре нова одлука за горивата!

11.12.2022

Нови цени на горивата би требало да бидат утврдени утре на редовниот состанок на Регулаторната Комисија за Енергетика.

Во моментов нафтата на американската берза се продава за 71 долар за барел, а на лондонската за 76 долари за барел, што нуди надеж дека ќе има ново поевтинување.

Со последното големо поевтинување горивата добија нови цени од саботата и тие се 79,50 денари за дизел и еуро супер 98, 77,50 за еуросупер 95.

извор: centar.mk