Првото полугодие привршува, а основните училишта и натаму немаат голем дел од основните помагала во наставата – учебниците. Најголем проблем со недостиг на учебници имаат одделенијата што учат по новата концепција за основно образование – прво, второ, четврто и петто.
Сега сè е оставено на креативноста на наставниците – пишуваат на табла, печатат листови со разни материјали, диктираат, а децата запишуваат во тетратка. Но велат дека ова влијае на квалитетот на наученото кај децата.
Но, за останатите предмети на располагање на наставниците им е само еден, на некој начин, збирен учебник. Сите предмети во едно. Тој требало да го користат до крајот на ноември, па содржината е веќе исцрпена.
Најголеми проблеми поради недостигот на учебници има во второ и во петто одделение. Тоа се генерациите со кои почна спроведувањето на новата концепција за основно образование, кога беа прво, односно четврто одделение.
Часот заврши, но проблемите останаа – не само во второ и петто одделение.
„Се снаоѓаме со принтање учебници кои се јавно достапни на сајтот на Министерството за образование и наука, копирање, лепење корици и страници на веќе оштетени и дотраени книги за кои знаеме дека се дефицит, но како такви мораме да ги користиме. Тука морам да ја нагласам економската и финансиската состојба на повеќе семејства на кои истата не им дозволува обезбедување на потребни учебници и материјали за работа“,
велат родителите...
Недостиг на учебници има и за наставата на албански јазик.
„Наставниците мора да се снаоѓаат со дополнителен материјали, со дополнување на материјалите или од други книги или од материјалите што постојат на интернет на различни страни, но во секој случај мора да го спроведат програмскиот план што е предвиден за годишната програма“.
Освен во одделенска настава и на албански фалат книги во предметна настава.
„Во шесто одделение долгогодишен проблем е книгата по историја, по француски недостасуваат некои книги, не целосно но некои, информатика за шесто одделение – издадена е новата книга, но не ни е донесена. Македонскиот јазик – деветто одделение книгата е променета, но не е пристигната, англиски јазик за осмо и деветто одделение никогаш не ни донесоа за англиски јазик, по географија недостасуваат книги, за деветто одделение воопшто нема“,
Од јули па досега Министерството за образование потпишало договори за набавка на учебници за основно и за средно образование во висина од околу 8,8 милиони евра, покажуваат јавно достапните податоци на Бирото за јавни набавки.
Содржината на целиот текст прочитајте на ЛИНКОТ.