Грчката влада на големо размислува да забрани пушење на грчkите плажи поддржувајќи ја иницијативата на грчкото здружение на хематолози(ЕАЕ). Всушност непрофитната организација која постои веќе 56 години смета дека е вистински момент токму сега да се спроведе овој закон за да и Грција се доближи до правилата кој важат во Европските градови.Така во Париз цигарите се забранети во местст предвидени за одмор и релаксација
Од ова здружение бараат да не се пуши во парковите, плажите и на спортските терени.
Тие дури спроведуваат кампања со слоган
Немојте да пушите тука ние си играме! Алудирајки на децата кои копаат во песокот и наидуваат на отпушоци и пепел од цигари а не ретко и празни кутии од цигари
За сега овој закон функционира во Турција, па така нивните плажи се поделени на плажи за пушачи, непушачи и плажи за семејства со деца.
Како вам ви изгледа оваа иницијатива?