Студентите кои живеат во студентските домови во Скопје ќе добијат своја студентска картичка. Целта е да се олесни и дигитализира процесот за креирање договор за сместување во скопските студентски домови. Студентите ќе можат да аплицираат за добивање картичка со креирање профил на веб-страницата на Државниот студентски дом.
Покрај можноста за креирање договори за сместување, на веб-страницата се појавува и потсетник за неплатените рати кои ќе можат да се платат онлајн.
Апликацијата за студентска картичка ќе биде разгледувана од управникот на домот, а по одобрувањето на апликацијата следува потпишување на договор во печатена форма за издавање на студентската картичка.
Рокот на аплицирање за оваа картичка е до 23 декември 2022 година, а доколку апликантите имаат тешкотии при аплицирањето, можат да се обратат за помош до службите на Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје на некој од следните начини: преку директна порака на профилите на домот на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ или преку електронска пошта на contact@dsdskopje.mk.
извор: netpress.com.mk
Можеби ќе ве интересира: Како е да се живее во студентски дом во Скопје?