Сè уште има луѓе полни добрина! Оваа фотографија која ја сподели една скопјанка е доказ за тоа!
Имено, станува збор за работници кои дел од својата работна униформа му ја облекле на едно мало бездомно куче кое очигледно им прави друштво додека работат.
Случката ја сподели една скопјанка.
-Секоја чест за работниците на патот кон Систина, секојдневно ми го топлите срцето! Инаку кученцето постојано ги дружи и не се оддалечува од нив. Ова е класичен пример дека за среќа е многу малку потребно..