Основачот, претседател и директор на Amazon, Џеф Безос, од првиот работен ден на компанијата наместо работно биро користи врата на која се прикачени ногарки, а зад оваа занимливост се крие интересна приказна.
Прочитајте кои се најлоши денови во неделата? Понеделник или…
Amazon не беше отсекогаш гигант каков што е денес, Безос ја основаше компанијата како онлајн продавница за книги во 1994 година, со помош на парите кои ги имаа заштедено неговите родители.
Поради ограничениот буџет, тој морал да најде евтини алтернативи за многу работи, па така кога требало да купи работни бироа за неколкуте вработени, тој пронашол евтино решение. Сам направил бироа со тоа што на неколку врати им прикачил дрвени ногарки.
Денеска Amazon вреди милијарди, а Безос е најбогатиот човек во светот. Поседува имот во истата населба како поранешниот претседател Барак Обама, за патувањата користи приватен авион, а и ја основаше компанијата Blue Origin, која се фокусира на патување и истражување низ вселената.
Но, Џеф Безос не заборава од каде почнал и како стигнал до самиот врв, така што реши да го задржи предметот кој ќе го потсети колку е важно штедењето. Работното биро на кое тој работа во моментот е исто така направен од дрвена маса и четири дрвени ногарки. Помодерен е од она биро кое Безос го користеше во 90-те, а кое го делеше со колегите, но и понатаму тоа го претставува менталитетот кој Безос го задржа од почетокот па досега.
„Бирото претставува симбол за трошење на пари на работи кои им се важни на купувачите, а не на работи кои за нив се небитни“, рече Безос.
Тој беше мултимилијардер уште на крајот на минатиот век, кога во 1999 година поседуваше 10 милијарди во акции од Amazon.
Извор: kajgana.com