Експертите пресметаа колкава треба да ви биде платата за да купите стан од 100.000 евра!

Експертите пресметаа колкава треба да ви биде платата за да купите стан од 100.000 евра!

16. 12. 2022.

Станарите во Белград моментално се во огромен проблем бидејќи се зголемени цените на недвижностите и на киријата, поради што многумина се прашуваат дали е поисплатливо да се земе станбен кредит и да се купи стан.

Мислењата на експертите се поделени. Додека едни нагласуваат дека е подобро да се земе кредит сега, други советуваат дека е најдобро да се чека.

Советниците за станбен кредит пресметале колкава би била месечната рата доколку одлучите да купите стан од 100.000 евра,.

- Да претпоставиме дека купувате стан од 100.000 евра. Би платил аванс од 20 отсто, што е 20.000 евра, а од банка би побарал кредит од 80.000 евра. Ако ја вклучите и можноста за добивање кредит за максимален рок на отплата од 30 години, вашата месечна рата од кредитот би изнесувала околу 330 евра - велат и додаваат колкава плата треба да имате во овој случај:

– Во тој случај вашата плата во просек треба да биде околу 660 евра, истакнуваат тие.

Може ќе ве интересира: Колку години треба да работите за да купите стан од 60 метри квадратни?

Да потсетиме, статистички гледано, цените на недвижностите во Србија во последната година се зголемени и до 30 отсто во некои градови, во истиот период променливата каматна стапка за станбените кредити порасна за 1,63 отсто, инфлацијата скокна за 14 отсто, додека просечните плати номинално повисоки за 16,5 отсто, а реално за 2,9 отсто.