Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови;
Завршено високо образование, Правен факултет;
Положен правосуден испит;
Работно искуство од најмалку 2 (две) години во областа правни работи;
Познавање и практична примена на Законот за парнична постапка, Законот за облигационите односи, Закон за извршување, Закон за стечај, Закон за општата управна постапка, Закон за управна постапка и земјишно право;
Работа со компјутер.
Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 08:00 часот до 16:00 часот. Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 28.000 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од Уверение за положен правосуден испит;
Копија оддруги стекнати дипломи иуверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
Целиот оглас може да го прочитате на факултети.мк