Посета на делегација на Република Турција на земјава е причината поради која во наредните два дена во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај
Утре и задутре (20 и 21 декември) во Скопје ќе важи посебен режим за сообраќај поради посетата на делегација на Република Турција на земјава.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), поради посетата на делегацијата, Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во наредните два дена ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје во главниот град.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.