Занаетчии, фризерници, мали трговци, семкарници, бутиции... ова се само мал дел од бизнисите и дејности кои ќе мораат од следната година да плаќаат данок поради даночните промените кои се планираат во Законот за данок на добивка кој е веќе во Собрание.
Упатени лица за Фактор објаснуваат дека досега сите компании кои имале промет до 3 милиони денари на годишно ниво биле ослободени од плаќање даноци, додека компании кои остварувале меѓу три и шест милиони денари можеле да бираат дали ќе платат данок на добивка како и сите други компании од 10 отсто, или пак еден процент од прометот.
Со реакција излезе и Сојузот на Стопански комори на Македонија од каде посточуваат дека со уинувањето на ослободувањето за плаќање данок на приход до три милиони денари за компаниите, како што предлагаат измените на законот се создава дополнително оптоварување за 50 илјади деловни субјекти и дека не е во духот на правично оданочување.
Концептот на правично оданочување значи дека во даночниот систем треба да бидат опфатени нерегистрираните субјекти кои сега работат во сивата зона и не плаќаат никакви давачки, со што ќе престанат да бидат нелојална конкуренција на микро и малите деловни субјекти кои пак се значајна алка во економскиот еко систем
Креаторите на овие даночни измени, со планираните промени очекуваат раст на приливите, поточно со „спроведувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка ќе предизвика позитивни фискални импликации врз Буџетот во износ од околу 872 милиони денари.