Ова ќе предизвика голема бура.
Аргентина стана светски првак во Катар откако во финалето ја совлада Франција по подоброто изведување пенали на турнирот, кој за првпат се организираше во зимскиот период.
Иако беше многу критикуван турнир, првиот човек на ФИФА Џани Инфантино беше исклучително задоволен, а се чини дека има нови идеи.
Тој истакна дека посебно му се допаднала идејата за турнир во средината на сезоната, во зимските месеци и поради тоа почна се повеќе да размислува за нови промени и дојде до таква што на многумина нема да им се допадне...
Прочитајте: Го гледал Светското првенство на телевизор во излог, а подоцна се случи чудо!
„Дејли мејл“ пренесува дека на секои четири години можеме да заборавиме на Светското првенство, бидејќи тоа би можело да се игра почесто.
Тие ја носат информацијата дека Инфантино има идеја Светското првенство во иднина да се игра на секои три години бидејќи според ФИФА тоа би било многу поисплатливо.
Не се можни промени за следните два турнира, односно нема стравувања дека турнирите закажани за 2026 и 2030 година ќе се променат, но сигурно е дека ФИФА во меѓувреме ќе направи фудбалска револуција. Тоа би значело дека турнирот закажан за 2034 година се игра една година порано, па дури и повторно би можел да се игра во зима.
Неофицијално, Инфантино оваа поддршка ја добил од земјите во Африка и Азија, додека двете највлијателни организации - УЕФА и КОНМБЕБОЛ веќе биле против идејата на Арсен Венгер турнирот да се одржува на секои две години. Се чини дека ова на секои три би можело да биде компромисно решение.