По Јапонија, хрватската фудбалска репрезентација ги совлада и Бразилците, повторно по изведувањето пенали каде Доминик Ливаковиќ, голманот на Динамо Загреб, одбрани пенал, додека останатите играчи беа прецизни.
Заедно со добрите резултати, ги чекаше и добра заработка, со тоа репреентацијата на Хрватска ќе ја наполни касата по овој Мундијал. Пласманот во осминафиналето им донесе добивка од 12,5 милиони евра. Хрватска веќе заработи 8,7 милиони евра само за пласманот на светското натпреварување, како и сите други репрезентации кои се на турнирот во Катар.
Секако, тоа не е сé, со победата на Јапонија и пласманот во четврт-финалето станаа побогати за уште 16,5 милиони евра, додека со освоеното четврто место на Светското првенство во Катар ќе бидат великодушно наградени од ФИФА со дури 24 милиони евра.
За третото место е обезбедена награда од 26 милиони евра. Одиме понатаму, вицешампионот ќе инкасира 30 милиони евра.
ФИФА одвои 440 милиони долари награден фонд за Светското првенство во Катар во 2022 година, а шампионот на Светското првенство ќе добие рекордни 42 милиони долари парична награда.

ПРОЧИТАЈТЕ: Хрватска со нов закон: По работното време не смеат да ви звонат колегите и шефот