И покрај високите цени во кафеаните и кафулињата, кои годинава се од 30 до 70 отсто повисоки од лани, граѓаните не се откажуваат од новогодишните прослави
Велат дека сакаат да се опуштат, бидејќи годинава за првпат по две години, поради пандемијата новогодишните забави ќе можат да се организираат помасовно и без никакви ограничувања. Но, има и такви на кој домашниот буџет не им дозволува Новата година да ја прослават во кафеана, па наоѓаат поевтини варијанти, домашни журки или изнајмување на станови.
Колку чини изнајмување на стан за новогодишната ноќ?
Од почетокот на декември масовно се бараат станови за изнајмување за прослава на Нова година. Со оглед на фактот дека понудата на вакви станови во Скопје е многу помала од побарувачката, цените се високи и се движат од 500 евра па нагоре за една вечер - пишува vecer.press.
До 6.000 денари за прослава во ресторан
Во кафеаните, пак, цените годинава за разлика од лани се зголемени и до 70 отсто, а менијата се движат од 600 до 6.000 денари по лице. Нешто поскапо е во хотел во Охрид каде што три вечери со новогодишен пречек чини 250 евра по лице.
Во рестораните низ Скопје, целосно мени со храна и неограничени пијалоци можете да најдете од 1800 денари, а зависно од тоа што вклучува понудата цените се движат до 4.000 денари по лице.
Цените за влез во дискотеките и клубовите почнуваат од 500 денари.
Колку планирате да одвоите за прослава на Новата година?