Вицепремиерот за економски прашања, на гостувањето во „Клан ТВ“ кажа дека од март 2023 година Владата ја зголемува минималната плата на 19.600 денари.
Вицепремиерот вели дека намерата на Владата е да може двајца членови на семејство да ја покријат потрошувачката кошничка за еден месец.
- Во март минималната плата ќе стане 19.600 денари, па така двајца членови на семејство ќе може да ја покријат потрошувачката кошничка и да остане нешто, вели вицепремиерот.
Значи тоа би изгледало вака 19.600 + 19.600= 39.200 денари, ако двајцата членови од семејството земаат минимална плата. Како ви изгледа?