Во моментов, најтоплата година е 2016, според записите кои датираат од 1850 година. Во тоа време на Пацификот е забележан климатскиот модел Ел Нино, кој заедно со трендовите на глобалното затоплување ги зголемува глобалните температури.
Метеоролозите од британската Национална метеоролошка канцеларија предвидуваат дека 2023 година ќе биде 10-та година по ред во која глобалните температури ќе бидат најмалку 1 степен Целзиусови над температурите пред климатските промени предизвикани од луѓето.
Професорот Адам Скалф, раководител на долгорочното прогнозирање во Мет Офис, вели дека следната година можеби нема да биде рекордна по температури, но ќе биде значајна поради зголемувањето на температурите поради зголемените глобални емисии на стакленички гасови.
Д-р Ник Данстон од Мет Офис, кој ја предводеше прогнозата за глобалната температура за 2023 година, вели дека глобалните температури биле под влијание на Ел Нино долго време во последните три години.
„Ел Нино има привремен ефект на ладење на глобалната просечна температура. Но, за следната година, нашиот климатски модел укажува на крај на трите последователни години со Ел Нино и враќање на релативно потоплите услови во делови од тропскиот Пацифик. Оваа промена веројатно ќе доведе до тоа глобалната температура следната година да биде потопла од 2022 година“, рекоа експертите.
Британската метеоролошка служба прогнозира глобална просечна температура помеѓу 1,08 и 1,32 Целзиусови степени, со средна проценка од 1,2 степени над она што беше во втората половина на 19 век.
ПРОЧИТАЈТЕ: Анализа: Македонците во просек уклучуваат клима уред по три часа дневно
Минатата година, британските метеоролози предвидоа дека глобалната температура во 2022 година ќе биде помеѓу 0,97 и 1,21 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа, со просечна проценка од 1,09 степени Целзиусови.
Податоците за 2022 година до октомври покажуваат дека температурата е околу 1,16 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.
извор: 360stepeni.mk