Во соседна Србија се прашуваат дали е шампион во паркирање, или можеби едноставно сакал да го фрли возилото в ѓубре.
Несекојдневното паркирање во Белград предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Не е само Скопје до гуша во проблеми со несовесните возачи кои паркираат секаде каде што ќе успеат да се пикнат. Таков проблем има и уште поголемиот Белград, главниот град на соседна Србија.
Прочитајте Зошто е добро да го вклучите клима уредот и во постудените месеци
Фотографијата која доаѓа од населбата Војвода Влаховиќ доловува едно „креативно“ паркирање. Автомобилот е пикнат помеѓу неколку контејнери, па дури и остава впечаток како сопственикот да сакал да го фрли в ѓубре.
Се надеваме вакви идеи нема да добијат и скопјани...