Просечната годишна орилагодена заработка со полно работно време за вработените во ЕУ минатата година била 33.500 евра, објави Евростат. Ова е прв пат, како што велат на страницата на оваа официјална агенција за статистика во Европа, Евростат да објавува вакви податоци.
Меѓу државите-членки на ЕУ најголема годишна прилагодена плата со полно работно време во 2021 година е забележана во Луксембург – 72.000 евра. Потоа следуваат Данска со 63.300 евра и Ирска со 50.300 евра.
Најмали плати имаат во Бугарија (10.300 евра), Унгарија (12.600 евра) и во Романија (13.000 евра).
Овие податоци сега се задолжителни поради Директивата за сината карта, која пропишува употреба на овој индикатор за одредување на пеосечните бруто годишни плати за секоја држава-членка, а целта е да се привлечат висококвалификуваните работници во ЕУ под флексибилни услови.
Сината карта е некој вид на дозвола за престој и работа наменета за висококвалификувани граѓани надвор од еУ кои сакаат да живеат и да работат во ЕУ.
Според овие податоци, најголем дел од земјите се под просекот на ЕУ, а од земјите во околината најголема просечна годишна плата имаат во Словенија – 28.760 евра, додека во Хрватска просекот е 16.170 евра.