Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2022 година (недела), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.
Доаѓа неработен ден!
Актуелно
-
Какво ќе биде времето за новогодишната ноќ?
Според прогнозата од УХМР, новогодишните празници ќе ги дочекате со стабилно време и пријатни дневни температури, додека утрата ќе бидат студени со услови за појава на магла во одделни котлини.
-
Три тренда кои ќе го обликуваат пазарот на труд во 2025 година
Како што се приближуваме кон крајот на 2024 година, јасно е дека пазарот на труд во последната година помина низ значајни промени кои го обликуваат начинот на кој работиме.
-
Кое ќе биде најважното прашање на интервјуата за работа во 2025 година?
Најважното прашање кое секој кандидат треба да го очекувате е: Колку сте запознаени со вештачката интелигенција (AI) и како ја користите? Еве како да се подготвите за ова прашање и како да одговорите.
-
Дали лебот ќе поскапи поради глобалниот недостиг на пченица?
Најголемиот светски извозник на пченица, најави значително намалување на извозната квота за почетокот на 2025 година. Новата квота, која ќе важи од 15 февруари до 30 јуни, дозволува извоз на 10,6 милиони тони пченица, што е значително помалку од минатогодишниот извоз од 29 милиони тони.
-
Еве кои се најбогатите 100 бизнисмени од поранешна Југославија, има осуммина од Македонија
На листата на стоте најбогати бизнисмени од земјите на поранешна Југославија, 25 се од Хрватска, 48 од Србија, 12 од Босна и Херцеговина, осум од Северна Македонија и седум од Црна Гора.
-
Во 2025 година ќе има помалку продолжени викенди од годинава
Претстојната 2025 година ќе има помалку продолжени викенди од 2024.