Крушево е веќе резервирано за новогодишните и божиќни празници. Сместувачките капацитети во Крушево се речиси полни, има и предновогодишни забави. Крушевчани посакуваат да стигне и снегот за зимската сезона...
Крушево е радосно, нестрпливо и резервирано за новогодишните и божикните празници. Уште пред два месеца се побара место повеќе во преку 1.000 сместувачки места во приватните и хотелските капацитети. Преку 90 насто од капацитетите се исполнети.
Крушевчани се веќе навикнати на гостите. Ги упатуваат и новогодишните желби.
Уште снегот недостасува, за зимската празнична атмосфера да биде совршена во Крушево.