По истекувањето на амонијак, прогласена вонредна состојба во Пирот
Над 50 лица се хоспитализирани со симптоми на труење, откако истече амонијак од превртен вагон во Пирот. Како резултат на истекувањето, прогласена е вонредна состојба, а утре училиштата ќе бидат затворени. Полицијата апелира сите луѓе што живеат во близина на пругата каде што истекол амонијакот да не ги напуштаат своите домови и да не излегуваат надвор.
Би можело да ве интересира: Позната причината за хаосот на Табановце - Се спроведува полициска акција
Товарниот вагон се превртел во близина на селото Станичењ, по што седум лица се пожалиле на труење и биле хоспитализирани во клиниката во Ниш.
” Во одделението за реанимација се четири пациенти, а двајца се на токсикологија. Сите се со стабилни витални параметри со благи хемиски изгореници. Сите пациенти се српски државјани”,
велат од Клиниката во Ниш.
По превртувањето на вагонот, амонијакот започнал да истекува што довело до висока концентрација на амонијак во атмосферата. Местото на несреќата е затворено во радиус од четири километри, а во застој е и железничкиот сообраќај. Поради слабата видливост, неколку возила се судриле на тој дел од автопатот.