УЈП ќе вработи наеднаш стотина луѓе.
Според информациите огласот за тоа е распишан на веб страната на Агенцијата за администрација.
Во огласот се вели дека ќе се примаат 100 државни службеници во Управата за јавни приходи, за 79 работни позиции.
Ќе се примаат главно инспектори, даночни советници, соработници, асистенти. Платите се главно меѓу 28 и 38 илјади денари.
За секој оглас е прецизно наведено кој за кое работно место какви услови ќе треба да исполнува, во смисла на образование, работно искуство, што треба да биде по националност и слично, а истиот јавно е објавен на овој ЛИНК.
Еве ги првите неколку позиции во огласот. Се бара даночен советник за правни и нормативни работи со високо образование од областа на правните науки и две години искуство во струката, кој ќе зема 36 и пол илјади денари и треба да биде Македонец.
Се бара и самостоен референт книговодител, за кој се бара више или средно и неговата плата ќе биде 18 илјади денари.
Има оглас и за асистент за управување со ризик кај усогласеноста, со плата над 33 илјади денари, помлад асистент за управување со ризик, со плата над 30 илјади денари, асистент за даночно сметководство, кој ќе зема над 33 илјади денари и слично.