Во буџетот на МОН за следната година предвидeни се повеќе пари за ангажирање образовни асистенти кои им помагаат на учениците со попреченост во совладување на наставната материја и училишните обврски. Ова го истакна министерот за образование и наука, известува Мета.мк.
„Секој што ќе побара образовен асистент за своето дете и ќе ги исполни законските услови, ќе излеземе во пресрет и ќе ги задоволиме сите потреби по овој основ“, изјави министерот.
„Покрај континуираните обуки за наставниот кадар во редовните училишта, набавката на нагледни средства и помагала, доделувањето на стипендии и слично, следната година ќе ја зголемиме и поддршката во форма на образовна асистенција за учениците со попреченост, која повеќе не е товар на родителите и старателите, туку обврска на државата“, рече тој.
Оваа учебна година бројот на ангажирани образовни асистенти во редовните основни училишта е 720, односно за 220 повеќе од минатата година.