Почетниците почнуваат од 2.398 евра месечно, а искусните квалификувани работници можат да сметаат на 3.240 евра месечно. Сепак, тоа не е се.
Bild.de објави интересни информации за платите во Audi. Општо земено, колку подолго сте во компанијата, толку е поголема платата. Почетниците почнуваат од 2.398 евра месечно, а искусните квалификувани работници можат да сметаат на 3.240 евра месечно. Дополнително, предвидени се и бонуси за работа за време на празниците и регресот за годишен одмор.
Годишната бруто плата е 86.800 евра за инженер, 87.200 евра за проект менаџер, 78.300 евра за софтверски инженер, 39.200 евра за механичар или 49.700 евра за логистика.
На ЛИНКОТ погледнете ги сите активни огласи од автомобилската индустрија!
Постои и колективно договорен додаток од 27,5 отсто од месечната плата еднаш годишно на 31 јули – за сите членови на ИГ Метал. Исто така, има божиќни бонуси кои се одредуваат според стажот, а тоа е учество во делењето на добивката на компанијата.
А високиот менаџмент? Според податоците за 2021 година, извршниот директор на Audi, Маркус Деусман заработил основна плата од 1,4 милиони евра. Сепак, ова е само мал дел од неговите приходи бидејќи заедно со разни бонуси му биле исплатени нешто повеќе од пет милиони евра. Минатата година тогашниот шеф на концернот Фолксваген, во кој е и Ауди, Херберт Дис, заработил повеќе од 10 милиони евра.
извор: biznisinfo.mk