
Италија воведува задолжително тестирање на патниците кои пристигнуваат од Кина
САД, Јапонија, Индија и Тајван претходно најавија слични мерки. Поради укинувањето на ограничувањата во Кина и Хонг Конг, коронавирусот се шири со огромна брзина...
Италија воведува задолжително тестирање на патниците кои пристигнуваат од Кина. САД, Јапонија, Индија и Тајван претходно најавија слични мерки.
Комисијата за здравство на ЕУ, закажа вонредна седница за координирање и евентуално воведување заштитни мерки. Поради укинувањето на ограничувањата во Кина и Хонг Конг, коронавирусот се шири со огромна брзина.
Според проценките, во идните месеци можно е во Кина, да починат околу еден милион луѓе како последица на зараза со Ковид-19.