Споредено со претходната година, во земјата, исплатен е 3.521 надоместок помалку.
Од јануари 2019 година, од кога почна да се спроведува оваа програма, бонус добива секое бебе независно од тоа дали неговите родители живеат во Албанија или во странство, но треба да биде запишано во матичната книга на родени. До сега правото го оствариле околу 152.000 деца, при што според медиумите, само околу 30 отсто од новороденчињата на свет дошле во матичната земја.
За првороденче еднократниот паричен надоместок изнесува 40 илјади леки, 80 илјади за второ родено и за трето и секое следно родено дете во семејството 120 илјади леки. Доколку се близнаци или тројка секое од бебињата добива по идентичен износ.
Чекот родителите го добиваат во породилиштето, заедно со извод од матичната книга на родени. За деца кои се родени во приватни болници или во странство, чекот го издава Министерството за здравство по евидентирањето на новороденчето во Управата за матична евиденција.