Вообичаено на Шапка снег има од ноември до април. Илјадници скијачи, сноубордери, главно од Македонија и од соседството се скијаат и уживаат на падините на Шара. Годинава, поради високата, невообичаена температура, не забелеаја скијачките патеки, туристите засега изостанаа...
Би можело да ве интересира: Нема абер од снег, оние кои сакаа да скијаат разочарани
Снегот што недостига во ски центрите ја остави Македонија без илјадници туристи, предизвикувајќи дополнителни финансиски проблеми. По две години ковид пандемијата, одморалиштето Попова Шапка и локалните сместувачки капацитети се надеваа на профитабилна ски- сезона. Вообичаено на Шапка снег има од ноември до април. Илјадници скијачи, сноубордери, главно од Македонија и од соседството се скијаат и уживаат на падините на Шара. Годинава, поради високата, невообичаена температура, не забелеаја скијачките патеки, туристите засега изостанаа.
Хисни Исмаили, е локален жител, вели дека тука за прв пат нема снег.
„Ваква клима не е забележана во последните 25 години. А првпат нема снег. Интересно е да се видат расцутените цвеќиња долж падините што покажува како да е пролет, а не зима“, изјави Исмаили
Резервации се откажуваат, нови нема – велат сопствениците на сместувачките капацитети.
„Состојбата со нашиот хотел е релативно во ред, но невообичаена е температурата. Вакви сончеви денови немало во последните 10 години. Во тешка состојба сме поради намалувањето и откажувањето на аранжманите“, изјави Хашим Хасани – сопственик на хотел.
„Состојбата е тешка, поради недостигот на снег сите клиенти кои веќе платија, ги откажаа патувањата. Како да е лето, а зимата доаѓа“- изјави Живе Алексовски, управител на одморалиштето Попова Шапка.
Попова Шапка е една од најпосетуваните туристички дестинации во земјава, ги задоволува вкусот и на љубителите на зимските спортови, но и на оние што доаѓаат на прошетка и топол чај. Падините се предизвик за скијачите.