
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2022 година, во споредба со ноември 2022 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 0.7 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 16.8 %.
Би можело да ве интересира: Списоците се објавени: Проверете дали Ви следува финансиска поддршка од државата
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 12.3 %, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 10.9 %.