Замислете да сакате да одите на пат, но пасошот веќе не ви треба затоа што за преминување граница ќе ви треба само да се скенира мобилниот телефон. Иако звучи толку неверојатно – ова сценарио ќе може да се оствари во Хрватска порано токолку што мислите.
Имено, Хрватска е една од четирите земји во кои се развива пилот-проектот дигитален пасош. Засега се е во зачеток и тоа ќе трае најмалку една година, велат од компанијата која го развива системот, AKD.
Се прашувате како ќе функционира? За почеток патникот ќе треба да гоо најави своето патување. Нема да мора да се дава пасошот на преглед на класичен начин току едноставно ќе се допре на читач. Во мобилна апликација веќе ќе биде готов електронски запис, кој ќе биде проследен на граница, велат од AKD.
Дигиталниот пасош кога ќе биде готов ќе се наоѓа во дигитален паричник – во апикацијата Certilia, каде што веќе може да се користи дигитална лична карта. Новата лична карта може да се користи и како здравствена картичка, електронски потпис или може онлајн да се поднесе барање за издавање пасош. Но, пред сето тоа мора прво да се активира.
До крајот на октомври минатата година биле активирани околу 30.000 такви лични карти и таа бројка расте затоа што сега во активацијата во полициските управи помагаат студенти.