АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На г. п. Табановце за излез од државата има чекање околу 30-40 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, е наведено во соопштението.