Работодавачите сé почесто се соочуваат со лажно боледување на своите вработени, што во голема мера влијае на ефикасноста на деловното работење, но и значително ги демотивира другите вработени кога ќе се почувствува и препознае дека боледувањето не се заснова на реални потреби и неспособност за работа.
Лажното боледување е исклучително тешко да се докаже. Причина за ова е зборот на работодавачот наспроти зборот на работникот кој користи боледување.
Многу детективски агенции нудат услуга за неверојатни 150 евра дневно и се занимаваат со проверка на боледувањето на вработените, а таа цена вклучува и излегување на терен, каде што вработените се проверуваат дали се дома, но и чекор понатаму , како на пример разговор со соседите и слично.
Злоупотребата на боледувањето вообичаено спаѓа во ставката Повреда на работните обврски или работната дисциплина.
„Доколку работодавачот се сомнева во оправданоста на причината за отсуство од работа во смисла на ставот 1 на овој член, може да поднесе барање до надлежниот здравствен орган заради утврдување на здравствената способност на работникот, согласно со закон.
Доколку се утврди дека работникот користел лажно боледување и со тоа го довел во заблуда работодавачот, член 179 од ЗРО определува дека:
„Работодавачот може да го откаже договорот за вработување на работник кој по своја вина ја прекршил својата работна обврска, и ако го злоупотреби правото на отсуство поради привремена спреченост за работа.
Загрижувачки податоци за бројот на лажни боледувања во Србија
Проценките се дека во Србија од 280.000 боледувања кои се издаваат годишно, дури 15 отсто се лажни. Тоа значи дека повеќе од 40.000 работници годишно отсуствуваат од работа, иако немаат никакви здравствени проблеми.
Некои тоа го прават поради незадоволство на работа, други поради разни приватни обврски, некогаш познати беа разни епидемии кои се поклопуваа со бербата на малина, сеидбата, туристичката сезона итн. Вработените со помош на лажни дознаки, договорени преку врска со избран лекар, отсуствуваат од работа повеќе од дваесет дена. Потоа се враќа на своето работно место за да не се појави пред лекарскиот одбор. И штом поминат неколку дена, тој повторно го информира работодавачот дека е болен и не доаѓа на работа.
Дали сте запознаени каква е ситуацијата на оваа тема кај нас?