Иако новогодишните и божикните празници се време на радост, тие се и период на одрекување поради сите финансиски трошоци кои не оптоваруваат.
Јануари е месец полн со празници но од финансиска страна често ни предизвикува главоболка. Бројните трошоци веќе после 15-ти во месецот нè оставаат со празен паричник. А штедењето за време на празниците изгледа речиси невозможно.
Граѓаните во месец јануари влегуваат веќе истрошени. Покрај тоа што плаќаат редовни сметки, во текот на декември се подготвуваат и за пречекот – дали ќе ја дочекаат Новата година дома или во некој од локалите, покрај тоа на списокот на трошоци е и непотребното купување празнични подароци и облека. А трошоците продолжуваат во јануари, за време на Божиќ.
Овој јануари се чини дека е уште потежок за паричникот отколку во претходните години. Инфлацијата предизвикана од Ковид влијаеше на растот на цените.
Можеби ќе ве интересира: Дали сте слушнале за "финансиски пост" и како функционира?
Треба да ја земете предвид температурата во становите, бидејќи веќе е познато правило дека 1 степен пад на температурата заштедува 6%. Онаму каде што има можност да се стават термо-глави за радијатори, да се изоираат прозорците. Кога станува збор за исхраната, добро е познато дека храната се купува во поголемите супермаркети, каде што е поповолна.
Експертите посочуваат дека секогаш постои можност, макар и минимална, да се балансираат приходите со расходите. Затоа, направете план за купување, строго држете се до него и не паѓајте во замките на акциите.
извор: denar.mk