Огласот е распишан на веб страната на Агенцијата за администрација.
Во огласот се вели дека ќе се примаат 10 државни службеници во Министерството за здравство.
Ќе се примаат главно соработници, раководители на сектори, помлади референти. Платите се главно меѓу 18 и 35 илјади денари.
За секој оглас е прецизно наведено кој за кое работно место какви услови ќе треба да исполнува, во смисла на образование, работно искуство, што треба да биде по националност и слично, а истиот јавно е објавен на овој ЛИНК
Еве ги првите неколку позиции во огласот. Се бара раководител на сектор за аналитика, планирање и проекти со високо образование од областа на економските или правните науки и пет години искуство во струката, кој ќе зема 35.496,00 денари.
Се бара и помлад референт за обработка на податоци и статистика во Одделение за донации и спонзорство, Сектор за медицинска опрема, за кој се бара најмалку вишо или средно образование, гимназија или средно економско, со или без работно искуство во струката и неговата плата ќе биде 18 илјади денари.
Има оглас и за советник за спроведување на постапки во фармацијата, со плата 24.531,00 денари, помлад соработник за подготовка, анализа и креирање на политики во фармацијата, со плата 20.451,00 денари, помошник раководител на сектор за медицинска опрема, кој ќе зема 30.906,00 денари и слично.