Популарниот зачин и ден денес е ненадминлив во својата категорија и нема семејство кое не го користи. А еве како настанал.
"Цел живот сонував да создадам нешто што би било корисно за сите. Сакав да учам, да читам и длабоко да проучувам работи кои, некогаш и не беа мој фах, па и по цена на неспреспиени ноќи“
Ова е кратка приказна за една жена по име Злата Барти од Долац на која и' успеа од длабока криза на нозе да застане цел еден град.
Заради дотогаш незапамeтено невреме во историјата на Југославија, професорката од Сараево Злата Барти во 1955 година, останала заглавена во Загреб.
Таа 1955 година зимата била толку многу силна што ги затрупала сите патишта и и' оневзоможила на Злата да се врати назад во Сараево. Останала на теритојата на тогаш Сојузната Република Хрватска и почнала да бара привремена работа за некако да се прехрани. Во една од сите тие студени ноќи наишла на оглас за вработување во фабриката „Подравка“ кои, тогаш барале хемиски техничар. Злата се јавила на огласот.
По кусо време се вработила во “Подравка“. Како одминувало времето така Злата напредувала во работата. Веќе следната година заминала во малото гратче Копривница, во главната фабрика на „Подравка“ каде што започлана ново истражување. По четири години макотрпна истружувачка работа дошла до генијална идеја. Злата успеала да смисли комбинација на состојки за зачин кој дотогаш не постоел. Прозиводот на професоката од Сараево покрај менаџментот на „Подравка“ ги воодушевил и останатите големи компании, а бил именуван како „Вегета 40“, подоцна само „Вегета“.
Во тоа време Злата живеела во скромната фабрика во Коприцница каде што и' работела заедно со уште неколку свои колеги со кои буквално делеле еден оброк дневно, сите заедно.
Градот Копривница во тоа време бил неразвиен и сиромашен.
При создавање на производот (зачинот) тие изнаоаѓале најразлични алтернативни решенија за производот макар малку да изгледа пристојно кога ќе излезе на пазар. По многу кратко време зачинот „Вегета“ станал неверојатно популарен низ цела СФР Југославија, а потоа почнал да се шири и низ целиот светот. Денес „Вегета“ се продава во повеќе од четириесет држави насекаде во светот, на сите континенти.
Благодарение на Злата и нејзиниот изум „Подравка“ со овој свој производ постанува глобална компанија, а сиромашното гратче Копривница процветува.
Досега преку педесет компании од целиот свет се обиделе да направат копија на вегетата, односно да измислат некаква адекватна замена за истата.
Во текот на животот Злата Барти добила разни признанија.
Починала 2008 година, во 88 година од својот живот.