Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во градот Загреб за октомври 2022 година изнесува 1.187 евра (8.944 куни), што претставува номинален пораст од 8,2 отсто во однос на октомври 2021 година, покажуваат податоците на Одделението за статистика на Загреб.
Би можело да ве интересира: Сите вработени државно ќе имаат иста плата, еве кој ќе има најголема!
Во однос на просечната месечна плата за октомври на ниво на Хрватска, која изнесува 7.745 куни, просечната исплатена нето плата во Загреб за тој месец е повисока за 1.199 куни.
Највисока просечна месечна нето-плата кај правните лица за октомври 2022 година е исплатена во секоторот екстракција на сурова нафта и природен гас, во износ од 1.978 евра (14.906 куни). Најниска плата е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 647 евра (4.876 куни).
Просечната месечна бруто-плата по вработен кај правни лица во градот Загреб за октомври 2022 година изнесува 1.656 евра (12.478 куни), што е номинален пораст од девет отсто во однос на октомври 2021 година.
Од Одделението за статистика на Градскиот завод за стратешко планирање и развој на Град Загреб, забележуваат дека согласно Законот за воведување на еврото како официјална валута во Република Хрватска, од 1 јануари 2023 година, статистички податоци ќе бидат претставени во евра. Статистичките податоци кои се однесуваат на периодот до крајот на 31 декември 2022 година, а објавени по 1 јануари 2023 година, ќе се прикажуваат двојно, во куни и според фиксниот курс на еврото, 1 евро = 7.53450 куни.