Целосно покривање на трошоците за обуката за полагање на возачка дозвола најави Општина Карпош. Во текот на оваа година ќе биде објавен огласот на кој ќе може да аплицираат само жителите на Општина Карпош и тоа оние кои во тековната полнат 18 години.
Критериумите се’ уште не се прецизирани, а истите ќе бидат допрецизирани со објавување за јавниот повик. Она што е сигурно е дека годинава ќе бидат покриени 100% од трошоците за обука, а за таа цел општината од годишниот буџет ќе издвои 5.000.000 денари.
Субвенционирањето на обуката за полагање на возачка дозвола за прв пат Општина Карпош ја воведе минатата година кога за оваа цел беа издвоени 4.000.000 денари. Минатата година се субвенционираше само 50% од трошоците за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола од Б категорија.
Освен Општина Карпош, досега ниту една друга општина, а ниту институција нема воведено субвенционирање на овие трошоци кои се и тоа како високи.