Јануарските откази се најчести. Спречете ги навреме!
Јануари е месец кога луѓето си поставуваат нови цели и бараат промени. Работата е голема ставка во животот, па затоа е првото нешто што многумина одлучуваат да го променат.
Во просек, секој петти човек бара нова работа во новата година. Што е она во јануари што ги тера луѓето да размислуваат за нивното сегашно работно место? Експертите за вработување и работодавачите открија што мислат за тоа зошто луѓето носат вакви одлуки во првиот месец од годината.
Нови одлуки
Нова година, нов/а јас – реченица по која се водат луѓето на почетокот на годината и која е предводник на големи промени. Стивен Хемфрис, директор на една компанија, изјавил дека желбата за нови цели ги тера луѓето да бараат нова работа.
„Јануари е период кога луѓето си поставуваат нови цели и бараат промени. „Работата е голема ставка во животот, па тоа е првото нешто што тие одлучуваат да го променат“, вели Хамфрис.
Ник Кирк, извршен директор на друга компанија за вработување, вели дека луѓето се склони да бараат нов почеток, на почетокот на секоја година.
„Во јануари бројот на апликации за работа се зголемува бидејќи луѓето се инспирирани да направат промени. Интересно е што средината на јануари е најпопуларно време за пријавување, а вторник е најчестиот ден“, додаде тој.
Врски
Фил Весткот, директор на одделот за регрутација во една компанија, смета дека јануари е месецот кога луѓето се „будат“ од настаните од декември.
„Вообичаено драстични промени во односите се случуваат во декември, а потоа во јануари луѓето почнуваат да бараат нова работа како уште една промена во нивните животи. На пример, на почетокот на декември има најмногу раскинувања, но остатокот е популарен за веридби“, вели тој.
Во јануари има и најголем број на разводи, и тоа во првата недела. Без разлика дали сте оставени или вие оставате, желбата за нов почеток ќе ве натера и да барате нова работа.
Семејство
Времето поминато со семејството и пријателите ги мотивира и охрабрува луѓето да донесат некои големи одлуки на почетокот на годината и да ја променат нивната перспектива за некои работи. Фил верува дека оние кои биле несреќни цела година се прашуваат дали треба да се вратат на работа.
„Периодот кога луѓето се далеку од работа за празниците и поминуваат повеќе време со семејството и пријателите е клучен за работата“, вели Фил.
Промени во компанијата
Јануари обично е време за покачувања и унапредување на работа. Така, вработените кои мислат дека нема да добијат ништо од горенаведеното се мотивирани да бараат нова работа. Меги Олд, директор на една компанија, се согласува со изјавата дека јануари е голем месец во календарите на компаниите.
„Многу компании планираат и големи деловни промени во новата година, а некои вработени не се гледаат себеси во тоа, па решаваат да дадат отказ“, вели Олд.
Постпразнична депресија
Друга причина е депресијата во јануари. Цел месец е сив, деновите темни и генерално владее лошо расположение. Менди Вотсон, извршна директорка на агенција за вработување верува дека мрачната страна на јануари може да игра улога во тоа луѓето да посакаат да најдат нова работа.
Како да се спречи овој феномен на масовно давање откази?
Отказот на било кој ваш вработен не можеме да го препишеме само на „периодот“ или едноставно само на желбата за промена. Секогаш постои причина плус која е двигател во процесот на донесување на одлука за отказ. Зад секоја одлука и зад секое изговорено „Јас давам отказ“ стои некое незадоволство и надеж дека новиот работодавач ќе понуди нешто подобро.
За да не се доведете во ситуација да ја слушнете оваа реченица од некој од членовите на вашиот тим, истражете колку вашите вработени се задоволни од компанијата во која работат, од менаџментот, од колегите и опкружувањето. Нема подобар начин за предикција од согледување на фактичката ситуација, која не секогаш е лесно да се воочи во секојдневното работење.
Без разлика дали вашата компанија има 10, 100 или 1000 вработени, за помалку од 24 часа ќе можете да го дознаете степенот на нивното не/задоволство
Истражувањето за задоволството на вработените - Pulser.mk ви овозможува на едноставен и брз начин да го проверите задоволството на вработените во рамките на вашата компанија.
Постапката за мерење се спроведува преку стандардизиран анонимен прашалник (онлајн или печатен или комбиниран) составен од 65 прашања/тврдења (скала за оценување од 1 до 4) кои се поделени во 9 категории со можност за дополнителни прашања по ваша желба.
Прашалникот е анонимен и детален, а сепак едноставен, разбирлив и лесен за пополнување. Тоа ќе ви овозможи да ја дознаете реалната слика за вашата компанија, директно и искрено од вашите вработени.
Со Pulser до награда Најдобар работодавач
Дополнителен бенефит од спроведеното Pulser истражување е и можноста сите компании кои ќе спроведат истражување до крајот на годината, да учествуваат во конкуренција за наградата „Најдобар работодавач“.
Сè уште размислувате дали треба да го дознаете степенот на задоволство на вашите вработени? Проверете на Pulser.mk или побарајте нè на 070356813.