Денеска (12.01.2023) во кругот на Министерството за внатрешни работи, беше предадена опрема од мотоцикли за сообраќајната полиција, дознаваме од Локално.мк
Од таму додававаат дека ваквиот чекор претставува еден крајно позитивен и важен пример за тоа како треба да се реализира и развива една институција, во конкретниот случај во интерес на сите чинители и учесници во сообраќајот.
Прочитајте зошто: За Дијана велат дека е најубавата полицајка во светот, пред неа „паѓаат“ и најопасните криминалци
Унапредувањето на работата на сообраќајната полиција и подобрувањето на нејзините капацитети е од исклучителна важност за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај. Примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли од стана на сообраќајната полиција.