И покрај тоа што е забрането, сепак се пуши во затврените делови на објекти и институции. Кафичи, кафани, дискотеки, кладилници се само дел од локациите каде пушењето во затворено е забрането, ама не се почитува. Граѓаните на терен во Штип согласни дека се пуши во затворено и дека за ова контролите треба да бидат зголемени.
Би можело да ве интересира: Не ги фрлајте празните кутии од цигарите - можат да ви донесат многу пари!
Од пазарна инспекција велат дека контроли се вршат, ама изминатиот период главниот акцент бил насочен кон контроли дали трговците ја почитуваат маржата одредена од Владата и цените на основните поризводи. Од таму потенцираат дека „Во наредниот период ќе следат засилени акции дали се почитува Законот за заштита од пушењето низ целата земја. И до нас стигнуваат пријави дека Законот не се почитува. Апелирам до угостителите да ги почитуваат и применуваат одредбите оти казни покрај за физичките лица, се изрекуваат и за правното и одговорното лице“,
Според податоците од Пазарната инспекција, пред ковид-пандемијата во 2018 и 2019 годишно се вршеле по 3.000 контроли и биле изречени по 100 казни. Во 2021 биле спроведени околу 120 надзори и биле пишани само 16 казни, а во првата половина на 2022 се спроведени 200 контроли и изречени се 63 казни.
Според Законот, казната за правното лице е од 4.000 до 4.500 евра, за одговорното лице од 500 до 1.000, а физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затвотен објект ќе биде казнето со 100 до 300 евра.
Законот за заштита од пушењето предвидува забрана за пушење во затворени простории, но не и на тераси и летни бавчи.