Компаниите од прехранбената индустрија не им даваат лажна надеж на граѓаните дека цените на храната драстично ќе се намалат.
Би можело да ве интересира: „Никој не рече дека ќе се вратат цените како пред една година“
Оттаму велат дека некои производи се веќе намалени како резултат на субвенциите за поевтина струја, но граѓаните да не очекуваат некое позначително намалување. На граѓаните треба да им биде јасно дека во Македонија веќе нема да има леб од 20 денари. Дополнително намалување на цените на храната, како што велат може да има само ако се намалат цените на суровините на светските берзи, како и останатите трошоци за производство.
- „Уште кога се донесе мерката за субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија ние кажавме дека цените може да се намалат од 5 до 10 отсто. Некои производители веќе ја намалија цената на лебот за 2 до 5 денари, а дополнително намалување може да има кога цената на пченицата, пченката… на светските берзи и во регионот ќе падне. Ние лани ја купувавме пченицата најскапо по 20 денари за килограм“, изјави за ВЕЧЕР, Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија.
Според него, во Македонија лебот веќе никогаш нема да биде 20 денари. Граѓаните да не очекуваат дека цената на храната ќе падне на ниво од пред две години кога немаше толку висока инфлација и кога суровините беа многу поевтини.
Целиот текст можете да го прочитате на vecer.press