Министерството за образование и наука почнува подготвителни активности за крупниот инфраструктурен проект кој предвидува целосна обнова на државните студентски домови и нивно трансформирање во енергетски ефикасни објекти.
Реконструкцијата ќе опфати осум објекти во кои, како што велат од МОН, ќе се обезбедат подобри услови за сместување, престој и удобност во студентските домови, нагласувајќи дека тоа е еден од неговите клучни приоритети.
Би можело да ве интересира: Во Македонија веќе нема да има леб од 20 денари!
Реализацијата на проектот за етапно реновирање на студентските домови во државава во ноември ја најави министерот Јетон Шаќири, кој претставувајќи го Акцискиот план соопшти дека таа ќе стартува на почетокот на 2023-та, најпрво со домот „Стив Наумов“ во Скопје каде што условите се најлоши.
Посочи дека проектот вреден околу 20 милиони евра од Германската развојна банка ќе се спроведува во три фази во три години и дека се очекува првата фаза за реновирање на неколку домови да почне во јануари-февруари годинава.
Целиот текст можете да го прочитате на: sitel.com.mk