И покрај суштинската и неопходна хигиенско-медицинска потреба, државата продолжува да ги класифицира менструалните производи како луксуз, со што ги оданочува со 15 проценти и со тоа им се зголемува цената. Економската криза и инфлацијата ја продлабочија "менструалната сиромаштија", поради што не сите девојки и жени имаат пристап до овие витални производи за нив. Цените на менструалните влошки се движат од 90 до 230 денари. Од невладиниот сектор алармираат дека многу жени имаат финансиски проблеми да си ги дозволат.
Податоците од студијата покажуваат дека жените кои немале пари да купат влошки биле принудени да импровизираат со крпи и тоалетна хартија, а половината од нив тоа го правеле повеќе пати. Според гинеколозите, овие методи некаде довеле до сериозни здравствени последици, почнувајќи од токсичен шок, па и смрт.
Прочитајте: Официјално е: Жените во Шпанија ќе добијат три дена отсуство заради менструација
Потребата производите за менструална хигиена да се оданочуваат со 5 наместо со 18%, како алкохолот и цигарите, постојано е барање на невладините организации за права на жените. Ова барање, иако задоцнето, беше прифатено од Министерството за финансии и стана дел од даночните реформи, но никако да помине во Собранието.
Инаку, на 28 мај минатата година во Скопје голем број активисти протестираа на улиците барајќи од државата, меѓу другото, да се заложи за ублажување на менструалната сиромаштија како чекор поблиску до родова еднаквост.
извор: alsat.mk